Реклама
Македонија

Министерот Хоџа на Меѓународен форум за води во Истанбул

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска и утре…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска и утре ќе учествува на 5. Меѓународен форум за води, кој се одржува во Истанбул. 

Министерството информира дека Хоџа ќе учествува на министерска тркалезна маса каде што ќе се дискутира за клучните предизвици поврзани со управувањето со водните ресурси, зајакнувањето на отпорноста кон климатските промени и унапредувањето на регионалната и меѓународната соработка.

– Форумот претставува значајна платформа за размена на искуства и политики меѓу носители на одлуки, експерти и претставници на меѓународни организации, со цел обезбедување одржливо управување со водите и долгорочна заштита на водните ресурси, соопшти МЖСПП.