– Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска во 13:15 часот, ќе го посети реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје.
Воедно, од Министерство покануваат и претставници на политичката партија СДСМ, кои порано денеска одржаа прес – конференција пред партиското седиште, на која обвинија за несоодветни услови во домот.

