Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Бизнис

Минчев: Со словенечка експертиза до поефикасна администрација

Над 130 илјади административци во Македонија, наспроти 180 илјади службеници во Словенија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 130 илјади административци во Македонија, наспроти 180 илјади службеници во Словенија. Министерот за администрација Минчев потпиша меморандум со неговиот словенечки колега Франц Пропс. Ќе се црпат искуства како македонската администрација да стане поажурна и поефикасна. Македонски кадри ќе се обучуваат во Словенија. Овој дел е клучен за реформа во јавниот сектор, бидејќи во некои институции има превработеност, а во други фрапантен недостаток на кадар.

Службениците во Македонија добија 1.800 денари плус на платата согласно законските усогласувања. 8-те проценти усогласување согласно Колективниот договор за јавниот сектор ќе легнат на нивните сметки кога неколку закони кои ја уредуваат оваа проблематика ќе бидат усвоени. Министерот Минчев очекува тоа да се случи до крајот на месец мај.

Таканаречениот балансер во јавната администрација засега е вон функција и огласите за вработување течат според квалификациите што се бараат за работните места. Министерот Минчев вели дека во Владата е формирана експертска група која работи на Законот за правична застапеност, но дека тој не е дел од неа и не може да прецизира до каде е постапката. Според него, добро е што за ова прашање се консултираат експерти по Уставно право, за да нема пропусти кои можат повторно да доведат до претставки до Уставниот суд.