Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Минчев: Постигнат е историски договор, платите на административците ќе се зголемат за 40 отсто

Министерството за јавна администрација со Министерството за финансии, предводено од премиерот Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација со Министерството за финансии, предводено од премиерот Мицкоски, овие разговори со репрезентативните гранкови синдикати – УПОЗ и САДУ ги води повеќе од една година. Денеска е постигнат историски договор со кој платите на вработените во јавната администрација, кои беа на ниско ниво, до крајот на 2027 или на почеток на 2028 година, март или април, ќе бидат зголемени до 40 отсто, изјави вечерва на гостување во една од националните телевизии министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Минчев потсети дека досега оваа Влада има направено повеќе договори, во кои се опфатени сите вработени на кои Владата е работодавач, како вработени во МВР, МО, здравство, образование и се завршува со околу 11 илјади вработени во јавната администрација за која, како што рече, факт е дека платите беа мали. 

– Во овие 40 отсто се и годишните усогласувања кои им следат на вработените во јавната администрација на годишно ниво, рече Минчев. Најави дека по овој договор што е постигнат денеска, Министерство за јавна администрација ќе пристапи кон подготовка на текст предмет на договор кој ќе биде колективен договор, во соработка со Министерството за финансии и како единствен примерок ќе биде поединечно понуден до секоја институција во јавната администрација. Со ова, како што рече, се затвора пакетот на вработени во целиот јавен сектор, ако се тргнат на страна вработените во локалните самоуправи и во ЈП за кои важат други закони. 

Реклама

По постигнатиот договор за зголемување на платите на административците, Минчев смета дека СДСМ води нихилистичка, самоуништувачка политика. – Од кои прични тоа го прави не би можел да знам, ниту би сакал да го коментирам, рече Минчев, додавајќи дека тоа ги води кон пропаст на партијата. 

Прашан за минималната плата, министерот Минчев рече дека таа може да се гради врз база на договор што се одвива во Економско-социјалниот совет. – ССМ има нереално барање, претпоставувам дека тоа е координирано со СДСМ. ССМ тргна со барање за 450 евра за минимална плата, па 500 и дојде до 600 евра. Таа сума е преголема за буџетот на Македонија. За овој договор кој денес го постигнавме Владата ќе двои околу 10 милиони евра на годишно ново, рече Минчев. 

За Предлог-законот за висока раководна служба, кој е објавен на ЕНЕР, Минчев рече дека е изработен од работна група составена од претставници од повеќе институции, предводени од ресорното министерство. Овој закон, како што рече, повеќе од седум години е на Реформската агенда на Македонија и ги опфаќа: директорите, заменик-директорите, членовите на Управни одбори и државни секретари на владините тела. Промените во овој закон се однесуваат на тоа да има начин, критериуми и постапка на избор на високи раководни функции, да се скратат членовите на УО на максимум три члена и регулација на в.д. функцијата, односно продолжување на секои 6 месеци. 

Тој информира дека во завршна фаза е законското решение за укинување на техничката влада,  а за Законот за правична застапеност потсети дека е вратен од Венециска комисија, од Уставниот суд е укината дигиталната алатка „Балансер“, а Владата пристапи кон ново законско решение.- Тој Закон е направен, пратен во Венециската комисија, која го врати назад, има одредени забелешки на некои членови, но не се големи. Се надевам дека во најбрз можен период работната група составена од експерти ќе се состане, ќе го дополни и ќе може да оди во владина и собраниска процедура, рече министерот Минчев.