Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Баграт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари работна средба со Баграт Тунјан, претставник на СИГМА – заедничката иницијатива на OECD и Европската Унија, посветена на тековните активности и реформски процеси во областа на јавната администрација.

– Во фокусот на средбата беа унапредувањето на системот за Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), подобрувањето на квалитетот на креирањето политики, јавните консултации и дигитализацијата на процесите, како и подготовката на нови методолошки и регулаторни решенија согласно Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и препораките на СИГМА –  соопшти прес-службата на Министерството за јавна администрација. 

Дополнително,  велат од МЈА, се разговараше за потребата од понатамошна експертска и координативна поддршка во процесот на имплементација на препораките на СИГМА, подготовката на новиот Акциски план 2027–2030, како и за продолжување на активностите поврзани со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), преку инклузивен и транспарентен консултативен процес.

Реклама

– Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување на суштински и одржливи реформи кои ќе придонесат кон поефикасна, покоординирана и професионална јавна администрација, усогласена со европските стандарди и потребите на граѓаните и институциите – се вели во соопштението.