Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Македонија

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беше тема на 14. состанок на специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Македонија, кој прв пат се одржува во Брисел.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во своето воведно обраќање истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската интеграција, но и на институционалното зајакнување на државата.

– Реформата на јавната администрација останува клучен приоритет на Македонија како во процесот на европската интеграција така и во унапредувањето на функционирањето на институциите на национално ниво. Нашата определба е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги ориентирани кон граѓаните и бизнисите – нагласи Минчев.

Реклама

Тој се осврна и на последните наоди од извештаите на Европска комисија и оценките на SIGMA нагласувајќи дека тие претставуваат важен инструмент за насочување на реформските активности.

– Македонија се движи напред. Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ги потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот е конкретен и мерлив – потенцира министерот.

Истовремено, истакна и дека европската перспектива на државата се гради врз основа на демократските вредности, но и со јасна почит кон националниот идентитет, јазикот, култура и историскиот континуитет на македонската држава.

– Нашата европска перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на националниот идентитет, македонскиот јазик и културниот и историскиот континуитет на Македонија. Станува збор за вредности што се длабоко втемелени во нашето демократско уредување и кои се дел од процесот на институционално јакнење и развој – заклучи министерот нагласувајќи дека токму преку силни, професионални и отчетни институции се зајакнува и демократската основа на државата.

Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на доследна имплементација на почнатите реформи и на испорачивање конкретни резултати во интерес на граѓаните и бизнис-заедницата.

Состанокот на специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија.