Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Милошоски: Коцевски, ДУИ и СДСМ, кодирана порака од бизнис клан

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоскиистакнува дека со денешното гласање во Собранието паднаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоскиистакнува дека со денешното гласање во Собранието паднаа маските околу тоа кој е политичкиот покровител на Државниот јавен обвинител Коцевски и неговото раководно друштво во обвинителството.

– Одговорот е јасен. Истите политичари од ДУИ и СДСМ кои во февруари 2024 година го предложија и гласаа ЗА изборот на Коцевски за јавен обвинител, денес не се осмелија да гласаат за негова недоверба. И покрај тоа што државниот обвинител има неколку крупни професионални грешки за кои заслужува разрешување, сепак фактот што токму Коцевски најдобро ги знае индициите за висока корупција направена од високи функционери од СДСМ е оној политички кредит што пратениците на Филипче и Оливер Спасовски мораат сеуште да го отплаќаат со заштита на функцијата на обвинителот.

Дури и пораката од СДСМ до Државниот обвинител дека од него зависело дали ќе бил “со штитот или на него”, повеќе звучи како кодиран сигнал од еден кон друг бизнис клан, отколку како парламентарен принцип поврзан со владеењето на правото.

Реклама

Сепак, добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана доследна на своите позиции и тука не треба да се застане. Бидејќи, иако денес ги видовме политичките покровители на Државниот обвинител во Собранието, сепак корозијата на репутацијата на ЈО во најголем ја прават десетина актери внатре во самото обвинителство. Заради ваквите околности, како и заради силната порака која денес ја доби од Собранието, најдобро е ЈО Коцевски да си поднесе оставка, бидејќи спонзорството од ДУИ и СДСМ само дополнително ќе му го руши и угледот, и интегритетот на обвинителството во целина, пишува Милошоски на Фејсбук.

Целата објава може да ја прочитате на следниот линк: