Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Милошоски, ја предводеше собраниската делегација на одбележувањето на 2 Август во Крушево

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, ја предводеше собраниската делегација на одбележувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, ја предводеше собраниската делегација на одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Крушево.

Во состав на делегацијата беа Никола Мицевски, Петар Ристески и Митко Трајчулески. На одбележувањето присустуваа бројни делегации на на различни институции, политички партии, граѓански здруженија, амбасади.

Потпретседателот на Собранието Милошоски во своето обраќање на Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е нашата нова борба за Македонија. Тој рече дека демографијата не е само социјално и економско прашање, туку прашање и на личен приоритет, на семејна среќа и национален опстанок.

Реклама

Милошоски исто така со порака дека Илинден нè учи дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. -Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој се движиме. Тоа не е слабост, тоа е демократија, но постојат работи што мора да стојат над поделбите, а Македонија е првата меѓу нив, нагласи Милошоски.