Реклама
Свет

Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по моќниот земјотрес во Пацификот

Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милиони луѓе се враќаат дома откако беа укинати предупредувањата за цунами по моќниот земјотрес од 8,8 степени по Рихтер на Камчатка. Набргу по потресот, руски научници потврдија дека еруптирал вулканот Кључевској. Тлото не престанува да се тресе – утрово регистриран земјотрес од 6,3 степени по Рихтер.

Предупредувања за цунами вчера беа издадени на крајбрежјето на САД, Јапонија, Кина, Филипините, Индонезија, Гуам, Перу и островите покрај Еквадор. Американската геолошка служба информираше дека потресот од 8,8 степени е еден од 10-те најсилни земјотреси во повеќе од 100 години.