Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мицкоски по повод Денот на АНБ: Во време на сложени безбедносни предизвици, од особено значење се професионалноста и континуираното јакнење на институциите

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на свеченоста по повод одбележување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на свеченоста по повод одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност.

-Вечерва присуствував на свеченото одбележување на Денот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), настан посветен на улогата, одговорноста и професионалниот ангажман на припадниците на институцијата во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните. Во време на сложени безбедносни предизвици, од особено значење се професионалноста, посветеноста и континуираното јакнење на институциите, стои во објавата на официјалниот фејсбук профил на Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, воедно, на сите припадници на АНБ им упати честитки за нивната работа, посакувајќи им, како што посочува, успешно исполнување на мисијата во интерес на стабилна, безбедна и просперитетна Македонија.

Реклама

На свеченоста што се одржа во Македонската опера и балет, присуствуваа бројни гости меѓу кои и претседателот на Собранието, министри во Владата, пратеници, претставници на институции, на дипломатскиот кор и други гости.