Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

Мицкоски: Заедно и сложно ќе ја застанеме Македонија на нозе, ќе ги поправиме темелите што ги уриваа со децении

„Мораме да го искористиме овој ден да испратиме јасна политичка порака –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Мораме да го искористиме овој ден да испратиме јасна политичка порака – да- за членството во ЕУ. Свесни сме дека тој пат за нас не беше фер и нема да биде фер.

Но, НЕ за билатерални услови и ДА за гаранции од Европскиот совет, кој што мора, ако навистина сака да ја види оваа мала земја која во историјата многупатри покажала дека местото и е заедно со нив во заедницата на европските народи. Да испратат еден заклучок на следниот Европски совет во кој јасно ќе каѓат дека никој од тие 27 членки нема проблем со македонскиот јазик кодифициран пред 80 години и дека никој нема проблем од нив со повеќевековната македонска култура, традиција, обичаи на кои се основа и темел на македонскиот идентитет. Да речат доста е, нема повеќе вето и препораки за билатерални прашања“,– посочи Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Според Мицкоски, за да се успее во намерите Македонија повторно да застане на здрави нозе, и да биде почитувана земја, потребен е комплетен рестарт на системот со целосна, длабока општествена мобилизација на сите структури во општеството.„И затоа е потребен дијалог. Дијалог што ќе биде заснован на принципи околу кои треба да се обединат Македонци и Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати, христијани и муслимани, стари и млади, затоа што покрај сите наши разлики, македонија е само една и таа останува да биде наша татковина, а ние сите заедно немаме повеќе време за губење“, – рече Мицкоски.

Реклама

Почит кон денешниот национален празник, но и кон сите жртви од НОБ, оддадоа и голем број претстваници од највисокиот државен врв, но и вице-премиерот Александар Николоски, кој порача дека она што денес го чествуваме е уште еден доказ дека Македонија во НОБ била окупирана и поробена земја, а не администрирана, како што некои сили ја искривоколчуваат таа историска вистина на штета на македонскиот народ и држава.

„Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не под администрација. Јасно е дека имаше силна народна осолободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левичари и десничари, или помежу комунисти и ројалисти, туку јасна национална борба на целокупниот македонски народ за народно ослободување…Така што 11-ти Октомври е континуитет на 2-ри Август…

Мора, мора многу јасно да ги кажуваме овие работи, македонскиот народ има свој историско-политички континуитет, јасна културолошка и јазична посебност која што сега е негирана, особено од нашиот источен сосед и на тоа ние треба остро да се спротиставиме“, – кажа Александар Николоски, вице-премиер и министер за транспорт и врски.

Инаку, чествувањата по повод денешниот национален празник започнаа уште изутринава, пришто бројни делегации положија венци и свежо цвеќе пред паметниците на Првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и пред Народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, а беше посетена и Могилата на Непобедените каде почиваат останките на преку 600 прилепски партизани.По повод празникот, во Прилеп во текот на викендов продолжуваат да се одржуваат бројни културно-забавни и музички манифестации, кар-шоуа, изложби и др.