Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Мицкоски за реформите во судството: Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформите во правосудството,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформите во правосудството, изјави дека не може да се согласи на зголемување на плати на лица, за кои како што рече, немаат никаков рејтинг.

-Реформите во судството се за зголемување на платите. Промената на шесте закони, главната реформа е да се зголемат платите. Следната година ние треба да вратиме 2 милијарди евра, некој што го направил претходно, и што не задолжил сите нас и нашите неродени деца. Во буџет од 6,5 милијарди, ние треба да враќаме 2 милијарди долгови, од некој кој душмански ја задолжувал државата. Ја повикувам јавноста нека каже, дали треба да се зголемат платите на судиите и обвинителите? Еве, јас ќе ја донирам мојата плата, ама барем нека судат согласно закон. Моралот не ми дозволува да се согласам на зголемување плати на лица кои немаат никаков рејтинг. И, ако е тоа клучната реформа која треба да се направи, простете, но јас нема да ја направам, рече Мицкоски.

На прашањето за смената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, премиерот кусо одговори „почекајте, ќе видите“.

Реклама

-И не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на Обвинителството и судовите, од да речеме најразвиените земји во ЕУ. Тоа не можеме да го направиме. Така што, ова се реформите. Сакам јавноста да знае реформите се за повисоки плати, не се реформите за некој суштински измени не знам какви. Такви има во Кривичниот законик, и тоа го правиме под притисок на одлуката на Уставниот суд. И тоа ќе го направиме до Нова година ќе влезат во Парламент тие измени, за да не се случи да направиме една општа колективна амнестија во општеството и сите криминалци коишто се во затвор да излезат, рече Мицкоски.

Според него, секој треба да има одредена одговорност за своите одлуки, алудирајчи на измените на Кривичниот законик направени од претходната влада, со што, како што вели, „таа направи многумина да имаат политичка амнестија“.

-И сега, еве кога ќе го смениме ние, без разлика дали ќе покренеме дело против некој од претходната влада, којшто наочиглед направил криминал, тој ќе се повикува на тој (закон) којшто тие го донесоа на шверцерски начин во Парламентот со европско знаме. Тогаш сите молчеа, сите што денеска се гласни молчеа, а денеска ни велат Извештајот на ЕК вели така и така. Каде бевте тогаш? Срамежливо стоеше таму во Извештајот една реченица. Зашто, затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновен. Мораме да ги кажуваме работите како што се, не онака како што некој сака да ни ги претстави. А ние ќе направиме се што е во наша моќ да ја завршиме домашната задача. Ајде ќе видиме тогаш што ќе се случи, порача премиерот.

Премиерот повтори дека и со промената на името, земјава денес е онаму каде што била пред 25 години.

-Супер е, да го смениме Уставот, најдобри ќе бидеме. Уште ако може да не сме Македонци, да сме нешто друго, најдобри ќе бидеме. Онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во ЕУ. Тоа нема да го дозволиме. Оваа Влада нема тоа да го дозволи, додека сум јас таму, кога ќе дојде друг нивна работа, истакна премиерот одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.