Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски за проблемот со градежната прашина: Треба да се зголеми дисциплината на оние кои што ја создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи на прашање за тоа како Владата планира да се справи со инертната и градежната прашина истакна дека за решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел Градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото.

„Тука единствен начин е да се зголеми дисциплината на тие коишто ја создаваат таа прашина. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво.“, истакна Мицкоски.

Тој исто така ги охрабри граѓаните да пријауваат доколку забележат девијантно однесување од ваква природа со цел овој проблем да биде надминат.

Реклама

„Јас ги охрабрувам и граѓаните ако има такви случаи на девијантно однесување да ги пријавуваат и Градежниот инспекторат да излегува на лице место и тоа да го констатира и се разбира, на таков начин да може да се спречи таквата појава. Но од друга страна со зазеленување на тие површини, така што ова се двата начини со коишто можеме ние да се бориме. Не постои трет начин, а ниту во праксата е познат трет начин. Така што се надевам дека многу скоро оваа дисциплина ќе биде подобрена.“, заклучи Мицкоски.