Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Мицкоски за контролата на АХВ: Најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но вакви случаи ги поткопуваат угледот на производителите и довербата на потрошувачите

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите.

– Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на граѓаните. Во конкретниот случај не станува збор за производи што директно би можеле да го загрозат здравјето. Сепак, проблемот е што декларираниот состав не се совпаѓа со резултатите од лабораториските анализи. Доколку тоа навистина се случувало, тогаш оправдано се поставува прашањето што сè се случувало во минатото. Станува збор за редовни контроли и проверки. Таквите контроли ќе продолжат и кај други производи. Штетата не е само морална, туку и финансиска. Сметам дека во вакви случаи во прашање се доведуваат и угледот на производителите и довербата на потрошувачите – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашње по отворањето на новиот базен „Карпош“.

На прашањето дали контролата била вонредна, Мицкоски рече дека станува збор за редовна контрола и додаде дека АХВ ќе продолжи, во согласност со своите законски надлежности, да ги презема сите неопходни мерки во овој случај.

Реклама

Агенцијата за храна и ветеринарство откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување инспекциски контроли во поголемите синџир-маркети во земјата. АХВ тестирала 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи од домашно производство и од увоз со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите. Од вкупно 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите не одговараат на правилникот за квалитет на земјоделските производи. Кај нив е утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано.

Поради измама на потрошувачите со прикажување лажни проценти на млечна маст, АХВ казни уште осум други оператори со храна. Овие производители и увозници ќе мора да платат поединечна глоба во износ од 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.