Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.

– Немаше нешто што планиравме, што очекувавме да го направиме, а да не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме, истакна Мицкоски во интервју за еден од македонските весници.

Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДСМ и ДУИ.

Реклама

– Секој ден излегува некое ново непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но, најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.

– Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како Влада ги реализиравме. И поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина, посочи Мицкоски.