Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мицкоски за директорот на Платежната агенција: Секој тип на девијантни појави нема да се толерираат

Секаков тип на девијантно однесување нема да се толерира. Откако претходно имаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секаков тип на девијантно однесување нема да се толерира. Откако претходно имаше дојави за таков тип на девијантно однесување се случи таа акција и од овој момент па натаму случајот е во рацете на Обвинителството и судовите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со акцијата во која директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е осомничен за примање поткуп.

– Сум го кажал тоа многу пати во минатото и ќе го повторам дека тоа нема да се толерира. Во минатото имавме уште неколку вакви случаи, меѓу другото ќе го потенцирам и случајот со директорот на Геријатрија. Ги повикувам сите граѓани, бизнис заедница и останатите засегнати, доколку се жртва на ваков тип на однесување на било кој да го пријават. Ги охрабрувам да го пријават затоа што нема поголема штета за едно општество од ваков тип на девијантно однесување, потенцира Мицкоски по увидот во градежните работи поврзани со проектот Градски воз.

Тој повика сите вакви појави да се пријават, со цел да бидат санкционирани.

Реклама

– Ја користам оваа можност преку вас медиумите да им се обратам на сите оние коишто се жртва на ваков тип на однесување, тоа да го пријават, а потоа имаме механизми како да дојдеме до докази и како сето тоа да биде санкционирано. Мора еднаш засекогаш да се стави крај на ваквите работи ако сакаме да одиме напред, нагласи Мицкоски.

Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера вршеа претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција, информираа вчера од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

– Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на јавен обвинител од ова Обвинителство, вршат претреси на повеќе локации низ државата, велат од ОЈО ГОКК. Претресите, како што додаваат, се поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.