Реклама

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Македонија

Мицкоски за антикорупцискиот закон на СДСМ: Помислив дека е за рубриката „Верувале или не“

Исплашени од криминалите и аферите што ги следат од периодот на нивното владеење, во СДСМ сега се обидуваат да се амнестираат преку таканаречениот нов фронт за „борба против корупцијата“. Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа иницијатива е само уште еден обид за политички спас и бегство од одговорност на луѓето кои, како што тврди, го измениле […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исплашени од криминалите и аферите што ги следат од периодот на нивното владеење, во СДСМ сега се обидуваат да се амнестираат преку таканаречениот нов фронт за „борба против корупцијата“. Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа иницијатива е само уште еден обид за политички спас и бегство од одговорност на луѓето кои, како што тврди, го измениле Кривичниот законик за да им овозможат на многумина да избегнат кривичен прогон. Тој оценува дека антикорупцискиот закон што го предлага СДСМ е лицемерен и контрадикторен и дека социјалдемократите ги фаќа паника од истрагите и сомнежите за криминал што им висат над глава од времето кога беа на власт.

  • „За да се амнестира себеси и криминалот што го правеше заедно со нив, го смени Кривичниот законик и избриша неколку члена со кои се амнестираше целокупниот криминал што го правеа како Влада. Без срам, слушаме десет дена како ја малтретираат македонската јавност со т.н. платформа. Не можам да се изначудам на тоа што го слушам“, рече Мицкоски.

Ако работеле законски, не треба да се плашат од прогон, вели Мицкоски, бидејќи изминатите две години во Македонија се почитуваат Уставот и законите. Премиерот метафорично се надоврза на својата претходна изјава дека имал чувство оти некој од врвот на СДСМ би можел да заврши со лисици на рацете.

  • „Главната работа што нив ги вознемири е тоа што во последно време станав многу чувствителен, па тие тоа го артикулираат како да нарачувам обвинителски истраги со моите чувства. Се исплашија од самите себе, затоа и побрзаа да се претстават како жртви на некаков политички прогон. Не треба да се плашат, затоа што во оваа држава, со оваа Влада, веќе две години владеат законите и се почитува Уставот“, истакна Мицкоски.

Опозицијата, пак, веќе неколку дена го промовира антикорупцискиот закон по естонски модел. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека новоформираниот „Фронт за слобода и правда“ ќе се бори против, како што вели, криминалот на власта.