Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Бизнис

Мицкоски:  Во среда нема ништо да се случи во уставниот суд, ДУИ ќе продолжи со манипулации

Изолирана група на поранешни високи функционери се обидува да направи етничка поделба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изолирана група на поранешни високи функционери се обидува да направи етничка поделба, во среда нема ништо да се случи – вака премиерот Христијан Мицкоски ги коментира обидите за закани од интегративците, што доаѓаат во пресрет на седницата на Уставниот суд на која треба да се расправа за законот за јазици. Според Мицкоски, ДУИ ќе продолжи и понатаму со политички маневри, но тоа не треба да ги загрижува граѓаните затоа што ова е само обид за дестабилизација. Во коалицијата се разговара за законот, меѓутоа никој не смее да интервенира кај судиите

„Разговараме со ВРЕДИ, ова е постапка која е тековна. Имаме ситуација не може сега никој да интервенира кај Уставниот суд, затоа што принципот како до сега заврши на 8. мај. Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја, изјави Мицкоски

Според Мицкоски, ДУИ се обидува на два начина да го сврти вниманието пред законот за јазиците да дојде на маса во Уставен.  Дека се обидуваат да направат етнички поделби се гледало јасно и од фотографиите на кои високи претставници на ДУИ се фотографирале со оние што го палеа македонското знаме, а втората теза е дека ова се очајни обиди за манупулација на граѓаните:

Реклама

Втората теза е дека тие, ДУИ, бидејќи 20 и кусур години поставуваат судии, знаат дека ништо нема да се случи во среда. Па кога ништо нема да се случи во среда,  бидејќи се знае какви се процедурите на Уставниот суд итн., ќе излезат во јавноста и ќе кажат: „Еве ние правевме притисоци и затоа сега ништо не се случи во среда“. Затоа што за било што да се случи и за било кој да направи нешто таму, потребни се уште неколку чекори за да дојдеме до било каква акција. Во среда нема ништо да се случи, затоа што има подготвителни седници итн. итн. Но, тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, но и Македонците, но и останатите ги малтретираат во државава со обид за поделба и да привлечат кон себе внимание, истакна Мицкоски.

Инаку, ДУИ викендов напишаа писмо до САД, ЕУ и НАТО кое е потпишано од научници од албанската заедница, во кое суптилно се закануваат со дестабилизација и криза ако бидат поништени одредби од законот за јазиците. Според ДУИ тоа било  поткопување на мирот и бараат меѓународните фактори да го спречат ваквото сценарио.  

Претходно, Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, побара од граѓаните да не потклекнуваат на провокациите на ДУИ, дека владата знае што прави, а сега е најважно да останеме „ладнокрвни и мирни“.