Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Зголемен број пациенти во Ургентен центар Куманово

Зголемен број пациенти со респираторни инфекции регистрираат здравствените установи во Куманово. Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен број пациенти со респираторни инфекции регистрираат здравствените установи во Куманово. Во Ургентниот центар од општа болница Куманово, лекарска помош најчесто бараат пациенти поради зголемена телесна температура, кашлица, болки во грлото и мускулите, малаксаност. Лекарите посочуваат дека меѓу пациентите има повозрасни лица и хронично болни, но и помлади граѓани. Особено внимание бараат пациентите со астма и хронични опструктивни белодробни заболувања, кај кои сезонските инфекции можат да предизвикаат влошување на здравствената состојба.

– Најчесто луѓето кои имаат кардиолошки проблеми, хронични опструктивни болести, астма, бронхијална астма и алергиски ринитис, кои секоја година се активни во овој период. Кај помладите се јавуваат болки во мускулите и зглобовите, зголемена телесна температура, болки во грлото, затнат нос или течење на носот. Има и пациенти со бронхијална астма кои имаат отежнато дишење и чувство на гушење- изјави Никола Стефановски, лекар во Ургентниот центар во Куманово.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, Куманово е меѓу градовите со поголем број регистрирани заболени од грип. Во текот на минатата недела биле евидентирани 24 случаи. Како една од најважните мерки за заштита од сезонскиот грип се посочува вакцинацијата. Во Куманово и соседните општини на располагање има 1.600 дози вакцини. За организмот да создаде соодветна заштита по имунизацијата, потребни се околу две недели. Здравствените работници препорачуваат избегнување близок контакт со заболени лица, редовно проветрување на просториите и одржување лична хигиена, разновидна исхрана со овошје и зеленчук.

Реклама