Владата на Народна Република Кина за учебната 2027/2028 година ќе додели две стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации, објави Министерството за образование и наука.
МОН во објавата за конкурсот наведува дека кандидатите за стипендии од Кина треба да се пријават онлајн на www.campuschina.org и да ги прикачат документите наведени во конкурсот, во кој се содржани и контакти за повеќе информации во врска со стипендирањето.
Рокот за пријавување е 15 јануари 2027, до кога кандидатите што ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на НР Кина треба да достават и копија од пријавниот лист во архивата на Министерството за образование и наука.
Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Прифатените кандидати ќе ги почнат студиите од септември 2027 година.

