Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Мицкоски во Брисел: Да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања

Македонија да се оценува според достигнувањата, а не врз основа на билатералните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија да се оценува според достигнувањата, а не врз основа на билатералните прашања – порача премиерот Христијан Мицкоски од Самитот ЕУ – Западен Балкан. Државата го испорачува она што го бара Брисел, се работи на реформите, но пред сѐ, тоа се прави заради македонските граѓани, а не поради самиот процес, истакна премиерот во пресрет на состанокот на шефовите на држави и влади од регионот и челниците на Европската Унија.

„Како држава и како Влада се обврзуваме да го испорачаме сето она кое што е потребно во овој процес, не поради самиот процес, туку пред се поради македонските граѓани, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Така работиме до сега, така ќе продолжиме и понатаму и очекуваме дека билатерланите прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ. И она кое што е најважно да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатерланите прашања“ вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Главни теми на Самитот се стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западниот Балкан, како и постепената интеграција во Унијата и планот за раст на регионот. За прв пат по 14 години Србија донесе одлука да не учествува на самитот. Претседателот Александар Вучиќ го образложи ваквиот потег како начин да ја заштити Владата од евентуален притисок и да не биде обвинет никој друг.

Реклама

„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на фактот што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат“ вели Александар Вучиќ, претседател на Србија

Одлуката за не учество на Србија на Самитот ЕУ – Западен Балкан следи откако земјите членки на Унијата го потврдија ставот дека за отварање на Кластерот 3 од преговорите за членство, Белград треба да постигне понатамошен напредок во областа на владеење на правото и во нормализацијата на односите со Приштина.

Давид Крстевски