Реклама

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Македонија

Мицкоски: Вајц беше јасен дека Владата прави реформи и продолжуваме да испорачуваме, а СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, вчера беше толку јасен и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц, вчера беше толку јасен и дециден што не остави простор за толкување. Човекот даде многу прецизни изјави во кои јасно кажа дека Владата прави реформи. И тука нема никаква дилема. И Владата ќе продолжи да прави реформи – изјави денска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува критиките од опозицијата во однос на Вајц, но и во однос на ИПАРД-средствата за кои вчера и официјално стигна потврда од Европската комисија дека се деблокирани, Мицкоски напомена дека СДСМ континуирано води политика и ПР-стратегија со која истура лаги. Тоа, оцени, е политичка партија која во овој момент не се бори за граѓаните, туку за своето актуелното раководство поради што секоја изјава што доаѓа од таму треба да се прифаќа со резерва.

Премиерот е дециден дека Владата ќе продолжи со реформите и дека ќе испорача сè што вети, но никогаш дема да прифати нешто што е на штета на граѓаните, што може да удри врз нивниот џеб и стандард.

Реклама

– СДСМ, ако мислите на тој дел од опозицијата, континуирано води политика и ПР-стратегија со која истура лаги. И велат вака: „Ајде ние да ги растуриме пердувите, па овие сите пердуви нема да може да ги соберат, па некој ќе ни поверува“. Но, дури и оние што во моментот инстант ќе им поверуваат, со тек на време се откажуваат да им веруваат бидејќи сфаќаат дека е лага. Ќе ве потсетам, велеа – ќе банкротираме – не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се почитуваа колективните договори и така натаму. Еве, заборавивте една тема, април проаѓа. Кај дојдоа мигранти, азиланти? Еве, април поминува – нема азиланти. Велеа ИПАРД-фондови – готово, нѐ блокирале, банкрот сме. Но, еве, самата Европска комисија излегува и вика: „Браво за Владата, реагира брзо и во рамките на шест месеци го деблокираа процесот“. Во рок од шест месеци, поради брзата, експедитивна, робусна реакција на Владата, процесот е деблокиран. Исто така, ја толкуваа и изјавата на Вајц вака-така. Излезе човекот вчера, многу јасно си пренесе она што имаше да каже и уште многу работи. Затоа предупредувам, секоја прес-конференција, секоја изјава што доаѓа од таму, да се прифаќа со резерва. Тоа е политичка партија што во овој момент не се бори за граѓаните, туку се бори актуелното раководство во рамките на партијата. Тоа е нивната политичка стратегија. Тоа е практично советот на нивниот гуру, кој во заднина им кажува што да прават – истакна Мицкоски по седницата на Комитетот за јавни инвестиции. 

Според него, Владата точно знае што прави, кои се приоритетите и какви политики води.  

– Имаме десетина чекори што треба да ги завршиме до крајот на јуни. Утре имаме координација за тие десетина чекори. Од тие, два-три сигурно нема да направиме зашто ако државата не испорача електрична енергија, тогаш вие граѓаните ќе плаќате 30-40 отсто поскапи сметки за струја. Се субвенционира струјата и во Франција, и во Германија, и во Италија. Ние не можеме нашите граѓани континуирано да ги удираме по џебот зашто некој не водел сметка кога ја формирал индикативната листа на реформи. Ние таа реформа однапред кажавме дека нема да ја примениме. Работиме на подзаконските акти во Министерството за енергетика за да може Законот за енергетиката да стане функционален, работат во Министерството за финансии на законски измени и подзаконски акти во делот на колатералот… Ние сите проекти ги работиме. За некои од проектите се потребни измени во законите. Вчера, на Влада помина законот за оружје во делот на ловството. Имаме проекти што ги тераме и треба време, треба да помине во парламентот, но бидете сигурни дека сѐ ќе сториме она што ќе додаде вредност во квалитетот на животот на граѓаните да го испорачаме. Она што е на штета на граѓаните, на џебот и стандардот, нема да го прифатиме – посочи премиерот.

Тој информира и дека вчера на владина седница станало збор за најновите пресуди од Европскиот суд за човекови права, кои, нагласи, прават нов, многу голем предизвик, со оглед дека ќе треба да се дадат можеби над милијарда евра.

– Ова е многу, многу поголем предизвик од оној што беше со солидарниот данок. Така што, има предизвици и проблеми, но нема да отстапуваме. Сме се нафатиле на оваа работа, ќе се бориме – порача премиерот Мицкоски.