Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мицкоски: Убедлива победа на изборите со 61 пратеник за сериозна реформа на Македонија која е клекната на колена

На Македонија и е потребна сериозна реформа оти таа е клекната на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија и е потребна сериозна реформа оти таа е клекната на колена, предупреди вечерва од прилеп претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој повика на мобилизација на граѓаните и поддршка за 61 пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на следните парламентарни избори. Мицкоски и неговите соработници во раководството на партијата ја продолжуваат  теренската активност во рамки на кампањата „Важно е од тебе зависат промените“ со која ги скенира состојбите но и сака да слушне што им е потребно на граѓаните низ Македонија, за да се преточи во програмата на партијата.

Целта на оваа кампања, пред официјалната е преку комуникација со граѓаните да препознаеме и да видиме што им е важно на граѓаните, а тоа што им е ним важно ни е и нам, и тоа ќе биде дел од програмата затоа што таа програма на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде програма на идната влада, бидејќи коалицијата сигурно победува и тоа е добрата вест што сакам да ја кажам, рече Мицкоски.

укажа дека е важно на следните избори да има историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предводена од партијата и како што рече „затоа што со идните потенцијални партнери, нема да разговарам на ниво на политика и концепти, затоа што за жал најголем дел од нив се темелат на лични амбиции“.

Реклама

„Нам ни треба сериозна реформа, затоа што Македонија е клекната на колена, опустошена, опљачкана. Затоа потребно е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да има 61 пратеник. Ние се бориме за 61 пратеник, победата е сигурна“, посочи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека со народот ВМРО-ДПМНЕ во 2021 почна да ја пишува историјата откако партијата помина внатрешна катарза и го испиша оној резултат со огромна победа.

„ВМРО-ДПМНЕ успеа од позиција на опозиција да освои мноизнство градоначалници и тука почнавме да ја пишуваме истријата, но тоа не е доволно треба да ја зокружиме и потврдиме со победа на претседателските избори и победа на парламентраните со 61 пратеник“, кажа Мицкоски.

повика на обединување и упати апел до сите незадоволни од СДСМ и ДУИ да застанат со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што рече трета опција нема.

„Сигурен сум дека секакви политичари ќе ви се доближуваат и ќе ви ветуваат се, ве молам бидете внимателни затоа што ќе нема нова шанса. Следните избори се референдум за тоа каква Македонија сакаме и во каква Македонија сакаме да живееме. Не се сите исти ќе се обидуваат да ве убедат дека сите се исти, дека не зависи од вас. Тоа не е точно никој не победил народ“, порача Мицкоски.