Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Мицкоски со отворена покана за обединување до сите незадоволни членови од СДСМ

Власта не сака споени избори, затоа што главна црта во  нејзиниот карактер,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта не сака споени избори, затоа што главна црта во  нејзиниот карактер, е кукавичлукот. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја објаснува стратегијата на владината коалиција – да има одвоени избори, со цел помала излезност и ублажување на поразот. Христијан Мицкоски уште еднаш јавно го повика премиерот, да договорат датум за претседателските и парламентарните избори, а до незадоволните членови на СДСМ испрати порака за обединување.  Наместо да бидат измеќари на ДУИ, да застанат до обичниот човек и да ги поразат антинационалните политики.

До сите чесни поддржувачи на СДСМ. Верувале во левичарските идеи, добро, но не дозволувајте да ве однесат и вас во бездна, Подготвени сме сите да ги прифатиме, секој што има чесна намера, а тоа да биде, за европска просперитетна развиена Македонија. За нас сите се исти секој човек е важен без разлика на партиска, национална, верска припадност ние се бориме секоједен човек да остане во државава. Ги повикувам  да седнеме заедно и да излеземе од овој ќор сокак, вели Мицкоски.

Иако според последните анкети 66,6% од испитаниците сакаат изборите да бидат на ист датум, Ковачевски избегнува да даде конкретен одговор, дали се согласува со ова. Тој претходно ги повика ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во работната група во Министерството за правда, бидејќи секој друг формат за договарање избори би бил вон-институционален.

Реклама

ВМРО ДПМНЕ да делегира свој претставник во работната група која функционира во Министерството за правда. Таму се разговара за измените на Изборниот законик и препораките на ОБСЕ, а може да се разговара и за тајмингот на претстојните избори. Секој друг формат на договарање би бил вон-институционален, рече Ковачевски .

Предлогот на Ковачевски веднаш беше одбиен од страна на ВМРО ДПМНЕ бидејќи распуштањето на пратеничкиот состав и распишување на избори не се прави во Министерството за правда туку во македонското Собрание.

Стравот на власта од пораз веројатно се должи и на анкетите кои покажуваат двојно водство на ВМРО-ДПМНЕ во споредба со СДСМ,. Според истражувањето на ИПИС, за опозициската партија би гласале 20, 3 проценти од испитаниците, а за СДСМ 11,3 отсто. Христијан Мицкоски, ужива речиси тројно поголема доверба кај граѓаните пред Димитар Ковачевски. Во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веруваат 16,5 отсто од анкетираните, а 5,6% во актуелниот премиер.