Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски: Системска борба против сивата економија, нашата политика е јасна – заштитен животен стандард

 Нашата политика е јасна – стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Нашата политика е јасна – стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард. Ќе продолжиме со дисциплина во приходите, со одговорност во трошењето и со чувствителност кон реалните потреби на граѓаните – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“.

Борбата против сивата економија, посочи премиерот, не е кампања, тоа е процес, контролата на цената не е популизам, тоа е заштита на граѓаните.

– Ќе бидеме и цврсти и праведни. И кон оние што избегнуваат обврски и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите затоа што нашата обврска е јасна – економија со ред, пазар со правила, држава со достоинство, рече Мицкоски.

Реклама

Тој укажа дека сивата економија е изгубен приход за државата, изгубена можност за повисоки плати, подобри болници, модерни училишта, посигурни пензии… – Таа создава нелојална конкуренција, ја руши довербата во институциите и го демотивира секој што работи чесно. Нашата цел е јасна – формалната економија да стане попривлечна од неформалната, да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално – рече Мицкоски истакнувајќи дека борбата против сивата економија не може да биде само инспекциска, туку системска. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека со ревидираниот акциски план за 2026 – 2027 ќе се постави јасна и мерлива цел за намалување на неформалната економија од 28,9 проценти на 26 проценти од БДП до крајот на 2027 година.

– Во нејзиното остварување особено е значајно активно вклучување на сите релевантни институции во имплементацијата на стратегијата и мерките од неа. Јасна порака за соработка и активно вклучување во имплементацијата испраќаме и преку денешното потпишување на декларацијата за партнерство и акција, со која изразуваме заедничка посветеност за формализација на неформалната економија. Таа претставува заначен чекор кон системско и координирано справување со неформалната економија и ја покажуваме заедничката посветеност на институциите, бизнис-заедницата, синдикалните организации и академската заедница – рече Димитриеска-Кочоска.