Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот. – Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот.

– Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра.

Министерството за финансии минатата недела ги почна состаноците за ребалансот на буџетот. Како што соопшти тогаш министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

Реклама

– Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции – напиша Димитриеска-Кочоска на „Фејсбук“.