Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Јанез Јанша, при што му честитал за изборот за премиер на Словенија и формирањето на новата влада.
Во разговорот, двајцата соговорници ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.
„Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Целата објава може да ја погледнете на следниот ликн:
