Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Мицкоски: Постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Македонија и Велика Британија постигнат билателарен договор за стратешко партнерство со Обединетото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и Велика Британија постигнат билателарен договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.  Договорот преставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и е клучна основа за блиска економска и политичка соработка. Деталите ги прецизираа шефовите на двете Влади Христијан Мицкоски и Кир Стамер во Тирана, на средба која се одржа на марфините на самитот на европската политичка заедница .

Двајцата премиери порачаа дека ова ја продлабочува добрата соработка помеѓу Македонија и Велика Британија и изразија огромно задоволство што двете држави ќе соработуваат  во повеќе клучни области.

Навистина сум мошне возбуден што ќе можам да работам со Вас, што нашите две држави ќе можат да работат заедно бидејќи ние сме сојузници во НАТО, и со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билатерална соработка и ќе ги зацврстиме нашите врски. Со ова ќе се подобри не само искуството, туку и ќе се сподели искуството на Обединетото Кралство во тој дел на Европа. Сметам дека Балканот е навистина инспиративно место, и Ви посакувам топло добредојде во Вашата многу посилна улога во тој дел од Европа, рече Мицкоски.

Реклама

Самиот договор според информации на Алфа , се преговарал повеќе месеци меѓу тимови од двете држави.  Договорот  е од огромно значење за Македонија бидејќи  Британија важи за една од највлијателните политички и економски сили во светот.

Ова отвора поле за инвестиции од Обединетото Крластво како и можност за британска експертиза во Македонија.

Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици.