Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Мицкоски по победата над Рамадани: Во Брвеница не славиме против некого, славиме за Македонија како пример на соживот, ред и напредок!

-Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска – објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако од Скопје вечерва замина за Брвеница да му ја честита победата на Јовица Илиевски. 

„Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!“, истакна Мицкоски. 

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница беше посебно битна за партијата, зашто противканиддат беше Хаќим Рамадани од владиниот коалиционен партнер ВРЕДИ, кој наспроти договорот за меѓусебна поддршка, истакнуваше дека мора да победи зашто е Албанец и носеше гласачи од Германија за да може да победи над кандидатот од македонска националност.

Реклама

Таа игра на национална карта разбранува многу духови во земјата.  

Рамадани инаку е директор на Инспекторат за локална самоуправа, а Мицкоски, кој вечерва од Скопје порача дека ни името не сака да му го спомене, најави дека Рамадани ќе биде разрешен.