Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Мицкоски: Пензиите ќе растат

Се прави се за пензионерите да излезат од категоријата сиромаштија, па затоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се прави се за пензионерите да излезат од категоријата сиромаштија, па затоа и линеарното зголемување на пензиите е оправдано. Ова е одговорот на премиерот Мицкоски за претстојното покачување на нивните примања за 1.000 денари во март. Тој вели дека не сака да ги коментира евентуалните одлуки на уставниот суд кој одлучува дали овој потег е противуставен. Задоволен е што стапката на сиромаштија се намалува, а се стеснува и јазот во распределбата на приходите.

А пензионерите ќе можат и да ги зголемат приходите со тоа што ќе бидат работно  ангажирани. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информираше дека стапи на сила законот со кој им се овозможува на студентите и пензионерите привремено и сезонски да работат без притоа да ги изгубат бенефитите што им следуваат. Ова според него ќе ја намали сивата економија.

Премиерот истакна дека буџетот е ликвиден и во добра кондиција. Потенцира дека е неопходно добро да се планираат финансиите затоа што за 4 и пол години треба да се вратат долгови од 6 и пол милијарди евра, направени од претходната влада, главно во време на пандемијата. Мицкоски вели дека освен еврообврзницата која Министерството за финансии ја врати лани од 500 милиони евра, достасуваат за враќање и други долгови годинава, а веќе се планираат и финансиите за 2027-ма кога достасуваат 500 милиони и за 2028-ма кога треба да се исплати уште една еврообврзница од 700 милиони евра.

Реклама

Мицкоски најавува дека за на есен е планирано да се удри камен темелник на првата когенеративна централа на турската Акса вредна милијарда евра. Конечните детали треба да се договорат на состанок со компанијата за 10 дена. Премиерот вели дека очекува и други компании да донесат одлука да градат вакви централи во Македонија. Тој смета дека претстои плодна година на инвестициски план во делот на железничката инфраструктура. Заедно со Бугарија ќе се гради тунелот на граница, додека интензивно се гради втората делница, а планирано е годинава да се распише тендер за третата најтешка фаза од Крива Паланка до граничниот премин. Се прават напори за да се модернизира и пругата Скопје –Кичево, се развива проектот брза пруга долж Коридорот 10, напредува и проектот градски воз во Скопје, а ќе се набавуваат и нови локомотиви со цел побрз и поеколошки железнички транспорт.