Реклама

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Економија

Редовно усогласување на пензиите согласно закон, се уште траат пресметките

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, посочувајќи дека се уште траат пресметките за износот. 

– Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон – рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи. 

Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите се уште се пресметува.

Реклама

– Не, не се знае. Се пресметува, ќе се знае многу скоро – изјави Мицкоски.

Пензиите се усогласуваат двапати годишно, на 1 март и на 1 септември, а во пресметката согласно законот подеднакво учествуваат порастот на просечно исплатената плата и порастот на трошоците на живот. 

Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.