Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музеј, образованието во фокус

– Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Градоначалничката на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината – информира денеска општинската прес-служба. 

Со Меморандумот се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата.

Општината посочува дека сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена.

Реклама

– Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднина – велат од општина Кисела Вода.