Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна, наместо со двојни стандарди

Решителност, амбиција и силни дипломатски потези на Македонија во САД. Премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решителност, амбиција и силни дипломатски потези на Македонија во САД. Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш со моќен говор го зацврсти местото на државата на глобалната сцена.Тој на конференцијата “СРАС” ја раскажа како што вели, македонската вистина и двојните стандарди на ЕУ бирократите.

Мицкоски ги кажа предизвиците и препреките со кои Македонија била соочена во изминатите 30-тина години. Тој потенцираше дека од самиот почеток на македонската самостојност од поранешната југословенска федерација, ние имаме две стратешки цели, влезот во НАТО и ЕУ во која не сме во можност да станеме членка, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав.

“Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија. Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е“, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Според Мицкоски, големиот притисок за промена на Уставот е најголемата кочница за евроинтеграциите на Македонија.

“Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер? Ако некој го критикува говорот, кое според моето скромно мислење беше многу инспиративен, треба да си го впери прстот во себе и да види што тој прави. Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата”, изјави премиерот.

Мицкоски направи и паралела меѓу политичката ситуација во Македонија и САД, нагласувајќи дека како и Трамп, и неговата влада извојувала убедлива победа со големо мнозинство. „Граѓаните ја избраа промената, ја избраа Македонија која е силна, стабилна и со јасна визија за иднината, кажа тој.

Двете посети на Вашингтон на премиерот во триесетина дена според експертите покажуваат дека односите со САД се на исклучително високо ниво, истото го потврди и амбасадорката Агелер која рече дека честите посети на Мицкоски на Вашингтон, се показател за близината на Македонија и САД и билатералната соработка. По ова, упатените се децидни дека Македонија после подолго време има глас во Вашингтон.