Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор за иднината

Пред 15 месеци наследивме држава пред банкрот, речиси распадната после се она…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред 15 месеци наследивме држава пред банкрот, речиси распадната после се она што го правиме и се она што ќе го направиме Македонија со овој народ ќе успее рече на вечерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски.

Повикувајќи ги граѓаните, тој ги повика да направат вистински избор за иднината, да ја поддржат советничката листа предводена на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот и иден градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ рече дека го разбира народот, оптоварен со секојдневни грижи, посочувајќи дека „битката“ заеднички се води, вети работа и силна волја, не чуда.

Реклама

На митингот во Куманово, тој се обрати и до чесните членови на СДСМ, за кои кажа дека искрено ги почитува и ги повика да се приклучат кон промените, укажувајќи дека знаат дека „раководството е затворен круг, кој наместо да гради иднина, штити бизнис интереси на неколкумина“.

Мицкоски рече дека опозицијата со месеци води кампања дека не растеле платите, а сега самите излегле со математика дека за година дена, платите пораснале за 10, 6 проценти.

-Според нив и неговиот гуру подобро било да имаме 20 отсто инфлација, како што беше во време на Владата на СДСМ и ДУИ, отколку сега кога е под четири проценти, кога е најниска во регионот и една од најниските во Европа. Според него, растот на пензиите од седум илјади денари линеарно за година и половина не било ништо-тоа било залажување за него повеќе биле оние 130, 150, максимум 700 денари кога се покачуваше пензијата во владата на СДСМ и ДУИ, кажа Мицкоски.

Тој кажа дека тоа се извртените вредности на СДСМ, „да се убедуваат дека криминалот е вредност, распродажбата на националните интереси е патриотски чин, осиромашувањето на народот е успех“.

Тој го критикуваше Филипче дека нема „морално и политичко право да зборува за правда“ и дека после овие избори ќе има одговорност.

-И обвинителството и судството ќе мора да поднесат сметка зошто и покрај десетиците, повеќе од стотици случаи, покриени со докази денеска се наоѓаат и фаќаат прашина во фиоките на неколкумина нивни лакеи и измеќари во обвинителството и судството, рече Мицкоски

Тој кажа после овие локални извори следи смена на тие нивни слуги во обвинителството искуството правдата мора да ја водат вистински обвинители судии.

-Убеден сум дека ќе имаме историски најголем резултата во Куманово, рече  Мицкоски и побара поддршка од кумановци за листата на советници, за носителот адвокатот Владимир Михајловски и за коалицскиот партнер, кандидатот за градоначалник, Максим Димириевски.

Тој ги повика кумановци да направат вистински избор за Куманово.