Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Мицкоски од ГП „Маркова нога“: Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на големите држава

Шеесет годишниот сон на преспанци, почнува да се остварува. Од 1967 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеесет годишниот сон на преспанци, почнува да се остварува. Од 1967 година затворениот граничен премин „Маркова Нога“ во Преспа, а кој ги поврзува Македонија и Грција, за 16 месеци повторно ќе биде ставен во функција. Со денешното поставување на камен-темелникот, беше означен стартот на градежните работи за Проектот кој ќе опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа на површина од 360 метри квадратни, изградба на канцеларија за Осигурителна компанија, армирано-бетонски пропусти, потпорни ѕидови, водовод и канализација, три нови улични делници, како и јавни тоалети. Вредноста на Проектот кој е дел од „Програмата ЕУ за Преспа“, а реализиран преку УНДП во партнерство со националните и локалните партнри, изнесува 14 милиони евра.

„Проект кој е од исклучително значење за нашиот регион од двете страни и Проект кој ќе го заживее овој дел од Македонија. Се надеваме на многу позитивни приказни во иднина, развој на туризмот, поголем проток на луѓе, а се разбира и локалното население да го види својот бенефит од овој Проект“, – изјави Јован Тозиевски.

„Навистина ми е мило што сум тука, затоа што изградбата на овој Граничен премин ќе ни покаже дека економскиот напредок и изградбата на овој прекуграничен премин, односно овој Граничен премин и прекуграничната соработка можат да одат рака под рака со одржливоста во животната средина“, – истакна Армен Григоријан од УНДП. 

Реклама

„За ЕУ далеку поважно е која е визијата на граѓаните од трите страни на Преспа и мислам дека тоа што е најважно е да се има визија која што ќе биде фокусирана од луѓето за луѓето, исто така, визија која што ќе биде фокусирана на размената на искуствата од трите страни на границата – економскиот развој, повеќе можности, економската одржливост, како и зачувување на Преспанското Езеро“, – посочи Михаил Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

На денешното поставување на камен-темелникот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски за кого отворањето на овој Граничен премин ќе биде од огромно економско, туристичко и културно значење за двете соседни земји.

„Ова е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и од другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави и во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“, – кажа Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

Со оглед на фактот што отворањето на овој премин е „производ“ на Преспанскиот договор, Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање појасни дека тој не е човек кој ги менува своите ставови, но бидејќи тој бил реал-политичар кој политиката ја разбира како уметност на можното, ќе продолжи да се бори со сите можни средства за сите неправди кои и’ се случиле на Македонија во изминатите 7 години, да бидат исправени.