Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Македонија

Мицкоски од бизнис форумот во Истанбул: Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи

Македонија се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски и пристап до регионалните и европските пазари, посочи премиерот Христијан Мицкоски, при неговото обраќање на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул. – Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и средби, односно тоа што го започнавме […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски и пристап до регионалните и европските пазари, посочи премиерот Христијан Мицкоски, при неговото обраќање на Бизнис форумот Македонија – Турција во Истанбул.

– Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и средби, односно тоа што го започнавме во Унгарија, го продолживме во Австрија и со хрватската бизнис-заедница во Охрид, сега го продолжуваме овде во Истанбул. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она што ние ќе го правиме овие два дена во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сета поддршка што Владата ја обезбедува за привлекување странски директни инвестиции. Очекувам многу успешни состаноци и силни пораки да бидат испратени. Продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција – изјави премиерот.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Форумот оствари средби со турските министри за трговија и транспорт, Омер Болат односно Абдулкадир Уралоглу.

Реклама

-Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност – истакна вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата бил ставен на развој на инфраструктурата и регионалното поврзување, притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

-Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори – додаде Николоски.

На форумот се обрати и шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, упати порака дека економската дипломатија е јадрото на надворешната политика.

Успешната дипломатија денес значи повеќе инвестиции, повеќе извоз, нови пазари и конкретни можности за компаниите и граѓаните. Владите ја создаваат рамката, институциите ги отвораат вратите, но компаниите се тие што создаваат вредност, работни места и резултати. Затоа е неопходно дополнително да ја зајакнеме директната соработка меѓу бизнис-заедниците и да поттикнеме нови партнерства во индустријата, ИКТ-секторот, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите -изјави министерот.

Во владината делегација беа присутни и заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски

Покрај високи владини претставници, на форумот се присутни и бројни стопанственици и инвеститори од двете земји, а фокусот е ставен на продлабочувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена, привлекување на нови инвестиции, унапредување на инфраструктурното поврзување, енергетската соработка и развојот на заеднички проекти од стратешко значење.

Срѓан Ивановиќ