Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на вчерашната акција, ги плаќаат своите обврски кон државата. Но, за жал видовте дека имаме и граѓани кои успеале да затаат данок од рекордни неколку десетици милиони евра. Се надевам дека тоа ќе е случај кој што е исклучок, а не правило. Но, МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и таквите граѓани кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети, рече Мицкоски на новинарско прашање за коментар во врска со функционирањето на УЈП во Струмица после приведувањето на неколкумина инспектори осомничени за „несовесно работење во службата“.

Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваа на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје.

Реклама

МВР вчера соопшти дека поднело кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, дека предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра, а се осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и несовесно работење во служба.

-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, против Г.Т.(48), Д.М.(60), П.К.(67), В.К.(26), K.С.(41), К.М.(40), Н.Ф.(43), М.К.(48), М.М.(68), Е.Т.(61) и З.М.(59), сите од Струмица, за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „даночна измама“, против С.П.(58), С.М.(58), Л.К.(52), Л.Б.(37), С.Т.(66), М.П.(60), Ј.Т.(44), А.К.(35) и Ј.Г.(66), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 15 правни лица од Струмица за „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“, наведоа од МВР.