Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски најави изградба на нов ултрамодерен клинички центар во Скопје кај базенот „Борис Трајковски“

Владата во моментот е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на факултет за медицински науки и студентски дом во Штип, како и на болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен клинички центар во Скопје – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата во моментот е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на факултет за медицински науки и студентски дом во Штип, како и на болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен клинички центар во Скопје – истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање кога би можеле да почнат процедурите и колку бргу би можеле да се одвиваат за изградба на новиот објект на Клиничкиот центар во Скопје.

Премиерот Мицкоски посочи дека за болниците во Штип, Кичево и во Тетово и за нов факултет за медицински науки и дом за студенти во Штип имале меѓународен повик за да се пронајдат финансиери за овие проекти. 

– Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необврзувачки, индикативни, понуди кои за нас, би рекол, навистина се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за голем клинички центар, кој во Скопје би требало да се изгради. Разгледуваме една локација. Тоа е локацијата пред базенот „Борис Трајковски“ бидејќи таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата, што значи не само за главниот град и Македонија како држава туку може од соседните држави да привлекуваме пациенти, кои ќе ги користат услугите на овој, би рекол, како што е нашиот план, ултрамодерен клинички центар. Но, таа парцела е приватна сопственост. Преговараме со сопственикот да видиме дали можеме да најдеме замена за таа парцела да ја добие државата, потоа со специјален закон да ѝ се смени намената – изјави Мицкоски. 

Реклама

Премиерот додаде дека планот е и под булеварот „Илинденска“ да се направи топол подземен премин, кој ќе се поврзе со постојната „8 Септември“ и ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“. 

– Значи овој проект ќе опфати еден целосен заокружен комплекс. ​Знаете дека имавме една голема инвестиција во болницата „8 Септември“. Бевте присутни, видовте, навистина најсовремена опрема, единствена на Балканот. Тоа е нашата амбиција и откога ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме онаму каде што треба да биде и онаму каде што му е местото и каде што ќе може граѓаните да го користат. Така што, на овој начин цениме дека не само што ќе ја развиваме државата, туку и ќе одговориме на потребите на граѓаните онаму каде што се најпотребни – вели Мицкоски. 

Прашан за временската рамка, Мицкоски со одговор дека ако сè е во ред, очекува веќе в година да има и почеток на активности за изградбата на новиот ултрамодерен клинички центар во Скопје.