Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Струшките вечери на поезијата пред укинување: Силјановска – Шокантно е институцијата да се сведе на одделение

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Македонија

Мицкоски му порача на Ковачевски да избере датум за избори и да не бега од нив како кукавица

Христијан Мицкоски бара час поскоро датум за избори. Повторно му предложи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Христијан Мицкоски бара час поскоро датум за избори. Повторно му предложи на Ковачевски да избере датум и да го напише на бел лист хартија и да се одржат парламентарни и претседателски избори на еден трошок. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изборите не треба да бидат одвоени и да се трошат десетици милиони евра од граѓаните кои ги немаме.

“Бега од дуели, од дебати, од новинари, бега од предвремени избори, да се биде кукавица е карактер и ги разбирам, не треба да се срамат од тоа, има плашливи луѓе кукавици и тоа е карактер не се менува на 47/8 години. Но мора ова да го направиме ако навистина се грижиме за интересот на граѓаните и за развојот на Македонија како држава. Ме прашавте дали е 5 или 8 мај, јас и во мојот говор кажам, ете му бел лист хартија нека седне нека напише датум. Еве нека напише датум и блиску до тие два големи празници зборувам за Рамазан Бајрам и за Велигден, нека одлучи и ќе прифатиме” вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски го повтори многу пати кажаниот став дека ВМРО ДПМНХЕ нема да поддржи уставни измени под овие услови. За позициите на партијата знаат претставниците на власта, но и сите странски претставници со кои разговарал во изминатите речиси година и половина. Како што рече, аргументите кои што им ги понудил на соговорниците, секогаш наидувале на добар прием кај нив.

Реклама

Таа тема да ја затвориме и да се посветиме на поважни теми. Нашите аргументи сме ги кажале. Многупати по телефон сме разговарале со стотици дипломати во изминативе месеци и не сме слушнале аргумент кој што нас може да ни даде комфорна ситуација за да речеме „еве сега не убедивте, секоја чест, еве рака“. Ние со нашите аргументи сме ги разубедувале соговорниците” – вели Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш апелираше до власта и спикерот Џафери да не одолговлекуваат со почетокот на работата на партиските работни групи, бидејќи, како што рече, треба да се договорат деталите за клучни процеси за Македонија.