Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само прекрасната кујна туку и Делчев, Груев, Сандански

Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на  заедничката прес – конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на  заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

-За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет, рече Мицкоски.

Прашан во однос на највените спорни амандмани од бугарски европратеници за Извештајот за земјава за „модерен“ (или современ) македонски јазик кои задираат во идентитетот, а којшто треба да се усвои во Европскиот парламент на пленарна сесија закажана за 8 јули, Мицкоски со  одговор дека може се да очекува, и дека ништо не би го изнендаило.

Реклама

-Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што прават, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека е секогап малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, поради досегашното тридецениско искуство на земјата.

-Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што правата. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности, потенцира Мицкоски.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со Мицкоски порача дека идентитет не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

-Идентитетот, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како, ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците, порача Кос.

Членството во ЕУ нагласи таа е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, поради тоа што ЕУ е изградена на приципот на разноличност и ЕУ се грижи за сите земји членки поединечно, во смисла на тоа што нивниот идентитет е добро зачуван.