Реклама
Македонија

Мицкоски: македонската економија ќе продолжи засилено да расте, имаме што да им понудиме на инвеститорите

Зголемен раст, нови работни места, нови инвестиции, развој на трговијата. Премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Турција е оптимист дека македонската економија ќе продолжи да се развива со засилено темпо. Во следните шест месеци се очекува влез на поголем турски капитал во државава и зголемување на трговската размена. Мицкоски вели дека Македонија има што да […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен раст, нови работни места, нови инвестиции, развој на трговијата. Премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Турција е оптимист дека македонската економија ќе продолжи да се развива со засилено темпо. Во следните шест месеци се очекува влез на поголем турски капитал во државава и зголемување на трговската размена. Мицкоски вели дека Македонија има што да им понуди на инвеститорите

-Па ние можеме да им понудиме истото тоа што го секаде го нудиме, да се бориме за фабрика повеќе која што ќе извезува, која што ќе го зголемува нашиот бруто домашен производ, која што ќе обезбедува добро платени нови работни места. Ние можеме да понудиме квалификувана работна сила, луѓе кои што имаат знаење кои што имат искуство. Нема да одиме и не одиме веќе со пораката ефтина работна силаистакна премиерот Христијан Мицкоски

Дополнителен поттик на економијата се и големите инфраструктурни проекти кои се во тек, но и допрва ќе треба да стартуваат. Автопатот Скопје-Блаце кој ќе го гради конзорциум предводен од македонски Гранит отвора големи потенцијали. Дополнително и мега проектот за брза железница долж Коридорот 10 за кој Мицкоски вели дека веќе имало разговори со британските партнери.

Реклама

-Беа нашите партнери од Велика Британија беше и потенцијалниот заемодавател, беа претставници од  UK Export Finance. Разговаравме и во Владата и во Министерството за транспорт и во Министерството за финансии. Физибилити студијата што ја прави Министерството за транспорт и студијата за оценка на влијанието врз животната средина отприлика овој месец треба да биде завршена , најдоцна до јули. Ако биде се како што треба потоа одиме со закони во Парламент и здравје боже од есен и на терен по принципот на жолт фидингистакна премиерот Христијан Мицкоски

Ваквите активности според Мицкоски ќе овозможат економијата да продолжи засилено да расте. Тој не се согласува со критиките на опозицијата дека со растот на бруто домашниот производ се манипулирало и дека граѓаните немале бенефит од статистиките. Потврда за ова според него се и извештаите на светските финансиски институции како ММФ и Светска банка:  

-Ако се спореди номиналната вредност на бруто домашниот производ во овие две години од кога е оваа Влада ќе забележите дека таа е за 160 милиони долари поголема отколку номиналната вредност на бруто домашниот производ за седум години на претходната влада. Ако го погледате и должничкиот дел односно јавниот и државниот долг ќе забележите дека оваа додадена вредност на номиналниот домашен производ  е остварена со задолжување три пати помало отколку што тоа го направи претходната Влада. Но ова се бројки кои што апсолутнио ги потврдува Меѓунарониот Монетарен Фонд вклучително и последниот извештај кој е историски најдобар кој што некогаш го добила Македонија откако е независнаистакна премиерот Христијан Мицкоски

Македонската економмија веќе пподолг период покажува тенденција на раст. Или конкретно, седум квартали еднопордуго државната статистика регистрира позитивен тренд. Ваквите резуултати се особено значајни во услови кога светот е соочен со глобална криза како последица на војните во Украина и Иран.