Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

Растот на БДП од 3,5 отсто во 2025 година ја стави Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на БДП од 3,5 отсто во 2025 година ја стави Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, а очекувањата на Владата за годинава се уште пооптимистички – земјава да се најде меѓу првите три. Според премиерот Хирстијан Мицкоски, тоа е доказ дека во државата има поволна бизнис клима и тоа е позитивен сигнал за странските инвеститори..

Сепак, од Владата велат дека конечниот резултат ќе зависи и од случувањата во светот, особено од кризата на Блискиот Исток и можните поскапувања на енергенсите, кои директно влијаат врз економијата.

“Во 2024 година, поради добрата втора половина бевме во првите десет, во 2025 сме во првите пет, а за оваа 2026 година, ако оди вака како што почна годината, не би се изненадил ако сме во првите три. И што значи тоа? Ова значи дека конечно ќе почне полека, но сигурно да се чувствува и кај граѓаните, односно ќе се зголемува стандардот и куповната моќ ” вели премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Според надлежните, градежништвото е главен мотор на економијата. Овој сектор е најголемата причина за зголемувањето на БДП во 2025-та година. Премиерот вели дека тоа е резултат пред се на капиталните инвестиции во државата,  изградбата на автопатите, железницата, регионалните и локалните патишта, како и голем број комунални проекти.

“Вредноста на она што досега е реализирано изнесува над 10 милиони денари. Зборувам за централниот Буџет. Ако на тоа ги додадеме и инвестициите што се прават во јавните претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата, кои не се вклучени во оваа бројка, таа би била поголема”, рече премиерот.

И покрај случувањата на Блискиот Исток и шпекулациите за можен инфлаторен шок, премиерот уверува дека нема причина за загриженост. Тој порача дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените во маркетите и дека ќе продолжи редовната комуникација со трговците и производителите. Целта, е да се задржи стабилноста на цените и да не се создаде дополнителен притисок врз домашниот буџет на граѓаните.