Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг

Македонија е жртва на политички булинг во процесот на европската интеграција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е жртва на политички булинг во процесот на европската интеграција и наместо да се темели на јасни критериуми и реален напредок, е претворен во низа билатерални условувања што го нарушуваат кредибилитетот на Европската Унија. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на меѓународната конференција на Паневропската унија на Македонија. Тој посочи дека за Македонија не важи системот на заслуги туку билатерализација на целиот пристапен процес.  Наместо реформите и исполнетите обврски, како мерка за напредок се наметнуваат услови поврзани со промени на уставот, името, знамето и банкнотите, вели Мицкоски..

Станува збор за класичен притисок од земји членки кои одвнатре го условуваат интегрирањето на Македонија во Унијата. Наместо напредокот да се мери според реформите и исполнетите критериуми, процесот се сведува на тоа дали ќе го смениме Уставот, името, симболите. Колку повеќе ова се игнорира, толку повеќе, предупредува тој, ќе се соочуваме со нови и потешки препреки на европскиот пат“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

Според премиерот, корумпираните политички гарнитури од минатото, неспособни да испорачаат реформи и да се справат со криминалот и корупцијата, ја довеле државата во позиција да прифаќа билатерални уцени наместо европски стандарди.

Реклама

Можеби имаа добра намера, но притиснати од сопствениот неуспех да испорачаат резултати дома и да се справат со корупцијата и криминалот што ги разјаде институциите, без вистински напредок што можеше да се покаже, државата ја доведоа до ѕид. Практично порачаа: „Дајте ни бел лист хартија да потпишеме, само да нè оставите на власт“.

СДСМ денес е гранче од партија, сведена на лажни вести и таблоидни прес-конференции, на работ на политичко исчезнување“, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.

Претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Паво Баришиќ призна дека патот на Македонија кон Европската Унија е неправедно забавен од билатерални блокади. Според него, грчката блокада во 2008 и 2018 година, а потоа и бугарската од 2019, го засениле процесот на проширување и го нарушиле кредибилитетот на европските институции. Наместо посредување и надминување на споровите, тие често ги прифаќале блокадите како реалност. Сепак, се повика на примерот со билатералниот спор со Хрватска и Словенија.

„Добар сосед се гради со заемна почит, а не со условувања“, нагласува Баришиќ, додавајќи дека прашањата за името, јазикот и идентитетот не смеат да бидат пречка за европската перспектива. И покрај притисоците, Македонија останува на реформскиот курс, го усогласува законодавството со европското и демонстрира јасна проевропска ориентација, со заштита на националните интереси“, вели Паво Баришиќ – претседател на Меѓународната Паневропска унија.

На конференцијата премиерот се осврна и на демографските и безбедносните предизвици. Тој вели дека Македонија, како земја на влезот на Европа, се соочува со масовна емиграција, додека паралелно се бори со илегалната миграција. Ниското ниво на економска активност и глобалните кризи, предупредува тој, можат да создадат радикализација доколку не се адресираат навреме.

Говорејќи за иднината, Мицкоски ја потенцираше важноста на енергетиката и вештачката интелигенција како клучни теми за глобалниот развој. Западен Балкан, според него, има потенцијал преку заеднички настап да привлече инвестиции и да изгради нови енергетски капацитети, наместо да тоне во политички застои.