Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Мицкоски: Куповната моќ на минималната плата зголемена за една година

Премиерот Мицкоски задоволен што стапката на сиромаштија се намалува. Откако државната статистика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Мицкоски задоволен што стапката на сиромаштија се намалува. Откако државната статистика измери 21,9% сиромаштија лани што е помалку од 22,2% во 2023-та, Мицкоски вели дека очекува уште подобри резултати за годинава. Од година в година се намалува и нееднаквоста во распределбата на приходите мерена според т.н. Џини коефициент, кој е најповолен во регионот. Владата презема бројни мерки за да го подобри стандардот на населението – вели тој. Нула отсто за комуналии, парцели за едно евро по метар квадратен, 6 бесплатни обиди за ин витро и многу други треба да ја подобрат финансиската состојба на семејствата во Македонија. Владата планира да воведе и поврат на даноци за мајки на едно и повеќе деца. Мицкоски вели дека европската статистика измерила подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија.

На критиките дека сиромаштијата од 12% е висока и кај пензионерите и покрај тоа што тие имаат редовни месечни примања, Мицкоски вели дека податоците за 2024-та го опфаќаат првото зголемување на пензиите од 2.500 денари кога оваа Влада дојде на власт. Тој очекува животниот стандард на пензионерите да продолжи драстично да се подобрува и сиромаштијата кај оваа категорија граѓани да се намалува со трите последователни покачувања на нивните примања.

Според државната статистика, на едно четиричлено семејство месечно во 2024-та, му требале најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно. Кај оваа категорија домаќинства стапката на сиромаштија изнесува 17,1%. На сиромаштија најизложени се децата и младите до 17 години, кадешто ризикот достигнува високи 29,5%. Причината затоа се најчесто еднородителските семејства кои едвај врзуваат крај со крај. Овој факт го поткрепуваат и податоците за финансиската состојба на самохраните родители, кај кои стапката на сиромаштија достигнува високи 45,8%. Не толку отпорни на сиромаштија се и семејствата со повеќе деца. Речиси 55% од оние домаќинства составени од двајца возрасни и 3 и повеќе деца живеат под прагот на сиромаштија.