Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од Реформска агенда и да обезбедиме пониска цена за електричната енергија за граѓаните

Во однос на исполнување на реформската агенда, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во однос на исполнување на реформската агенда, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања истакна дека тоа што е до 30 јуни како грејс период може да биде завршено, и во јунскиот извештај како земја да бидеме и вистински т.н. фронтранери, односно македонската јавност да знае дека е важно да се испорачаат што е можно повеќе реформи – и за граѓаните и за државата.

-Имаме прилично амбициозна агенда, нашата стратегија е да испорачаме дома реформи, Реформска агенда, Акциски план, за малцинствата и се она кое што за нас е условно кажано предмет на наша внатрешна работа да си го завршиме, да го изолираме она што го форсира дел од опозицијата, а тоа се безусловни уставни измени, рече Мицкоски. 

Во делот на енергетиката посочи дека имаме неколку чекори, реформи кои ни се важни и дека е најдено решение и за тој дел кој, рече, се сметаше дека не е можно да се испорача. Ќе нема поскапување 30 отсто на цената за електричната енергија за граѓаните, туку со новиот модел е можно поевтинување од 5 до 10 отсто. 

Реклама

– Во разговори со Европската комисија дојдовме до еден релативен комрпомис, а тоа да интервенираме во Законот за енергетика во кој ќе допрецизираме, иако законот е таков и либерализиран пазарот за електрична енергија, ние би допрецизирале дека државната ЕСМ нема да испорачува повеќе од 70 отсто од количините потребни за снабдувачот почнувајќи од 1 јануари 2027.  ЕВН Хоум објавува тендер еднаш годишно, и тој тендер го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 декември, и е завршен и не можеме на половина тендер да интервенираме. И затоа велиме од 1 јануари 2027 година.  Создадовме портфолио коешто ако добро го оптимираме не само што нема да ја поскапи цената на електричната енергија, туку и во дадена мерка ќе ја поевтини.  Целта ни е да понудиме конечна цена за 2027 година што на крај ќе имплицира 5 до 10 проценти поевтина цена на електрична енергија за граѓаните – потенцираше Мицкоски.

Премиерот појасни дека количината на електрична енергија која ја трошат граѓаните е поделена во два дела, првиот дел го содржи делот на грејната сезона, од 15 октомври до 15 април, 24 часа на ден плус периодот од денот од 15 април до 15 октомври во ноќните часови, а вториот лот е периодот од денот од 15 април до 15 октомври преку ден кога сончевата радијација е најсилна и кога соларните панели најмногу произведуваат електрична енергија и која е поевтина од таа која се троши во ноќните часови. 

– Создадовме еден креативен модел кој можеме да го аплицираме, не само што ќе го исполниме чекорот, туку и ќе обезбедиме за граѓаните поевтина цена на електричната енергија 5 до10 отсто, затоа што цената која денеска ја продаваат соларните панели односно фотоволтаичните централи е во одредени периоди од денот со минусна цена односно плаќаат за да некој им ја откупува. Креиравме вин-вин ситуација, од една страна да го исполниме чекорот, од друга страна да обезбедиме пониска  цена за електричната енергија за граѓаните – рече премиерот Мицкоски.

Истакна дека другите чекори се горе-долу пред крај, останува уште Изборниот законик кој зависи од опозицијата.  

– Во Министерството за финансии имаме во делот на колатералот, со Министерството за правда се усогласивме и со ЕК со господинот Герт-Јан Копман и неговиот тим што треба да направиме, тоа генерално е затворено прашање, во делот на транспорт горе-долу се усогласени мерките, а тоа се за оптимизација и реструктуирање на двете јавни претпријатија – АД Македонски железници, инфраструктура и транспорт и Пошта. Во делот на дигитална трансформација поврзана со гигабитната инфраструктура ги добиваме насоките каде треба да се движиме и набргу ги очекувам тие законски измени да се најдат пред пратениците. Така што целокупниот обем со Агенцијата за конфискување на нелегално стекнат имот и таму е затворена постапката, објавен е огласот, да се заврши формално да се вработат луѓето. И еден закон има многу важен – тоа е Изборниот законик кој зависи од пратениците, но имајќи ја предвид состојбата со опозицијата, доколку се заврши тоа практично и таа мерка ќе ја поминеме, така што од 10 можеме да дојдеме до 9 и пол. Тоа ќе претставува еден рекорд кој досега никој не го направил – изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеникот петар Марков.