Реклама

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Македонија

Мицкоски: Имаме индиции дека тоа што се случува на Онкологија е случај и на други клиники

Канцер мафијата не оперира само на Онкологија, криминали имало и на други…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канцер мафијата не оперира само на Онкологија, криминали имало и на други клиники, каде што и таму се заработувало на грбот на болните,предупредува претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој бара канцер мафијата да биде во корен уништена, и затоа Анкетната комисија не смее да запре со работа.

“Ние имаме индиции дека тоа што се случува на онкологија, се случува и на другите клиники. Истражуваме и многу скоро ќе излеземе во јавноста.  Оваа канцер мафија во здравството мора да  биде во корен уништена” – вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели дека со извештајот од ФЗОМ, јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на најтешко болните, и несоодветен третман на пациентите се случува и денес.И затоа треба да има одговорност.

Реклама

“Случајот Онкологија е монструозен скандал во кој e беспредметно да се дава коментар, но мораме да го повторуваме, бидејќи Македонија денеска за жал се соочува со луѓе кои печалеле од маките на граѓаните” – кажа Мицкоски.

„Диво месо“ на Онкологија покажува постоење на канцер мафија која работи и денес затоа што нема институција која реагира, вели Мицкоски.Тој се наврати на извештајот од ФЗОМ, каде што е извлечен заклучок – за да се задоволат апетитите на одредена веледрогерија блиска на власта, клиниката и покрај милионските залихи на лекови во март годинава, еден месец претходно повторно распишале милионски тендер за набавка на истите медикаменти.

“Како трет заклучок има дилема како се дава дозвола на пациенти терапијата да биде аплицирани во други здравствени установи бидејќи транспортот е специфичен.Потоа спорно е и треба одговор дали некој добива повратна информација дали терапијата е аплицирана, дали тие вијали се целосно потрошени или делумно и што се прави со останатото итн” – потенцираше тој.

Според опозициската партија, власта бега од одговорност за скандалот на онкологија и пробува да го политизира случајот.

Инаку, дека треба да продолжи со работа Анкетната комисија вчера побара и претседателката на ова собраниско тело, Рашела Мизрахи. Таа кажа дека вистината за канцер-мафијата мора да се знае. И одговорност за дивото месо во здравството ќе има.