Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

🎥 Мицкоски и Божиновска во РЕК Битола на „Денот на рударите“: дека рударството е професија која бара почит, заштита и континуирана поддршка од државата

28-ми август. Голем православен празник – Успение не Пресвета Богородица и Ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

28-ми август. Голем православен празник – Успение не Пресвета Богородица и Ден на македонските рудари. Овој исклучитечно значаен ден за целиот наш енергетски систем, со низа пригодни свечености одбележан и во РЕК Битола. „Ова се денови кога празнуваме, кога се среќаваме, кога се обединуваме и кога си зборуваме за верата, за духовната сила и за сeто она кое што претставува предизвик во нашето секојдневие и убеден сум дека обединети, заедно сполтени, сите тие предизвици ќе ги надминеме“, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој лично им го честиташе денот на рударите од РЕК Битола.

   „Бидејќи благодарение на нивната пожртвувана работа, макотрпна работа, секојдневна енергија која ја што ја вложуваат овде во РЕК Битола, ние имаме енергетска стабилоност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство…Да им го честитам Денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините кои што следат за македонскиот енергетски систем, за рударсвото, но и за македонската економија“ – изјави Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

   Подобрување на условите за работа, но и зголемување на платите за рударите кои работат во длабоките рударски јами, најави министерката за енергетика и рударство. Според неа, сега и во овој сектор, во Македонија владеат закони кои се еднакви за сите, уверувајќи дека државата ќе ги поддржи само компаниите кои работат одговорно.

Реклама

   „Времето на компромиси во Македонија заврши. Инспекциите се зајакнати, контролите се редовни, а казните построги од кога било досега. Досега се одземени 45 концесии за експлоатација на минерални суровини, бројка која јасно покажува дека државата нема да дозволи непопчитување на законот“, – истакна Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.

   За „Рудар на годината“, годинава беше избран дипломираниот рударски инжинер Страшо Маневски, кој веќе 35 години е дел од РЕК Битола, а пофалници и благодарници им беа доделени и на уште 43 вработени во РЕК Битола: пожарникари, рудари и годинашни пензионери.

   „Машината со која работам е долга 55 метри, висока 22 метри. Таа фактички е колку еден фудбалски стадион што се движи. Може да копа до 20 метри висина, нешто што вака не може да се опише со зборови, треба да се види на лице место, – вели Златко Поповски, награден рудар.

   „Работиме и во Термото, и во Брод, и во Рудникот. Се соочуваме многупати и со големи пожари, зависи од ситуацијата, ама  гледаме да биде сево ред колку што се нашите можности, даваме максимум“, – кажа Фатон Зенули, награден пожарникан од РЕК Битола.

    Премиерот Мицкоски денеска изврши увид и во завршните работи на фабричката мензата во РЕК Битола, која ќе биде пуштена во употреба за дваесетина дена.