Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП

Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за вчерашната средба со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП). Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за вчерашната средба со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП).

Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 проценти, и како што рече е четврти во Европа. 

– Јас сум задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 отсто и е четврти во моментов во Европа, според податоците кои што се објавени, како процент од БДП-повторно за сите оние кои што ќе го спинуваат, како што впрочем тоа го правеа и порано. Јас сум задоволен, бидејќи седми квартал по ред ние сме просек некаде околу 3,4 во услови кога нашиот најголем трговски партнер, а тоа е Европската унија е под 1 проценти -изјави Мицкоски. 

Реклама

Тој цени дека ова е исклучително позитивен резултат за нашата држава.

Претседателот на Владата, Мицкоски пред три дена на прес-конфоренција рече дека податоците кои ги објавува Евростат веќе седми квартал по ред Владата остварува раст на БДП, кој се наоѓа најпрвин во првата половина во Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа. Потсети дека ова не е показател што го објавува Владата, туку ова е параметар што го објавува Евростат.

Според податоците на ДЗС во април оваа година индустриското производство порасна за цели 7,6 проценти во споредба со април минатата година и како што рече Мицкоски „со тоа во првите четири месеци од годината, во првата третина од 2026, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое ни е во позитива“. Што се однесува за нови креирани работни места во првите 21 месец од работење на Владата податоците покажуваат дека има 16.000 нови креирани работни места.