Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски: Филипче во Атина е исто што и Заев во Атина и Софија заедно

Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, како и дека Филипче во Атина е исто што и Заев во Атина и Софија заедно, истакна вечерва премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето по повод јубилејот – 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Чествувањето се одржува во Хераклеа од каде Мицкоски порача дека лидерот на СДСМ по принципот на неговиот ментор, не може повеќе да ја измами јавноста со празни ветувања и политики на понижување. 

Според Мицкоски, Македонија веќе нема да биде земја на понижување и предавство. Нејзината надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет. Не можеме да дозволиме, нагласи, да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси и да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен.

Реклама

-Не можеме да молчиме пред однесувањата на лидерот на опозицијата, пред неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист. Ова се нови времиња, кога народот има очи да гледа и памет да не биде излажан. Ние нема да дозволиме да се повтори истата приказна. Ќе ги држиме на одговорност сите кои ќе се обидат да ја злоупотребат довербата на граѓаните. Секој ќе одговара пред законот, подвлече Мицкоски.

Оваа борба, напомена, не е за политички поени.

-Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина, нагласи Мицкоски во обраќањето.