Реклама

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Мицкоски: Филипче е исплашен од исказите на Груби, многу луѓе се загрижени во овој момент

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои, рече, нема пристап  директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби.

 -Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука, рече Мицкоски во гостување на една национална телевизија. 

Како што рече, прокси ботови на СДСМ се обидуваат да го искористат револтот на граѓаните за пуштањето на Груби во домашен притвор откако претходно воделе кампања дека Владата го пуштила Груби да избега пред 14 месеци, кога се појавил на ГП Блаце – дека Владата ја спасува ДУИ, а дека куќниот притвор е по налог и пакт со Владата.

Реклама

Мицкоски рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.

Како што рече,  „ќе го држи за збор Венко Филипче“ за она што вчера го кажал на ТВ Сител за наводно постоење политички договор со ДУИ.

Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.

-Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде по политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува…. Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав – дека големите одлуки се носат во тишина, рече Мицкоски.